Македонија
(Видео) Од 1.1.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови, кои имаат ознака НМК или на нив да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.
Тоа значи дека регистарските таблички што ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблички со четири бројки) и регистарските таблички што не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблички, кои ја содржат националната ознака НМК или на нив да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 година.
Налепници НМК граѓаните може да си обезбедат во сите станици за технички преглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.