Македонија
(Видео) Османи: Ова е многу чувствителна фаза за нашата европска интеграција, потребна е смиреност
Влегуваме во многу чувствителна фаза во која секој од вас ги брои деновите и очекува пристојна разрешница на нашите европски интеграции, вели во порака до јавноста, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој посочува дека кај него ваквите чувства се уште позасилени.
„Три години ги водев европските интеграции и секое утро се будев со една единствена мисла – да ги започнеме преговорите. Тоа е нормално, човечки. Но тоа не смее да не доведе во дефетизам, имаме премногу вложено, премногу постигнато, едноставно сме премногу блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса“, нагласува министерот.
Како што посочува тој, како владини претставници, не се избрани за нервоза, туку за да бараат решение.
„Имаме многу пријатели кои сакаат да ни помогнат, многу земји чиј интерес се поклопува со нашиот. Апелирам на смиреност, политичките набои често не соодветствуваат со стварноста. Во земјите членки на ЕУ и во соседна Бугарија постои чувство за одговорност и потреба за изнаоѓање на решение“, уверува министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

