Македонија
(Видео) Османи: Во Тетовско завршивме проекти во инфраструктурата во вредност од 5 милиони евра
Досега во Тетово и регионот само во инфраструктурата завршивме проекти во вредност од над 5 милиони евра, а во фаза на реализација се проекти во вредност од над 7 милиони евра, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, при денешната посета во Тетово. Тој заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на ЈП „Македонијапат“, Беким Мемеди, изврши увид во реконструкција на булеварот Видое Смилевски – Бато во Тетово, што е дел од регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Регионалниот пристап што го правиме преку одржување на седниците на Владата дава подобри резултати бидејќи владата и министрите се фокусираат на одреден регион и ги согледуваме сите проблеми и на тој начин овозможуваме рамномерен регионален развој, истакна Османи.
„Oва е втора седница што е надвор од Скопје, а се однесува на пофокусиран пристап на одреден регион. Денеска дебатиравме за проектите за патиштата и комунaлните проекти, околу 5 милиони евра завршени во овој регион, околу 7 милиони евра во тек и во фаза на подготовка, а веќе почна да се реализира проектот со 70 милиони евра за локални патишта. Морам да го спомнам патот Тетово -Попова Шапка во должина од 18 км, многу важен за развојот на туризмот и за развојот на модернизираниот скијачки центар, понатаму подготовката на автопатот Тетово – Гостивар и магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар. Понатаму, проширување на водоводните канализациски и водоводни мрежи во целиот овој регион, што е исклучително важно за подобрување на стандардот за живеење на граѓаните“, изјави Османи.
Директорот на ЈП „Македонијапат“, Беким Мемеди, истакна дека реконструкција на овој патен правец е во вредност од 37 милиони денари и најави силна градежна сезона в година.
„ЈП ‘Македонијапат’ во соработка со градоначалничката на Тетово и во координација со министрите донесе одлука од огромно значење за жителите на Тетово и општините што гравитираат кон Тетово, а тоа е реконструкција на овој патен правец во индустриската зона во Тетово во должина од 4 км и вредност од 37 милиони денари. Ние како јавно претпријатие нема да застанеме тука, имаме предвидено повеќе проекти за в година, така што напролет очекуваме нова асфалтна офанзива за да ја подобри комуникацијата на сите граѓани“, изјави Беким Мемеди, директорот на ЈП „Македонијапат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ
„Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието. Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот. Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра“, велат од СДСМ.
„Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.
Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја.
Нема повеќе оправдување дека нема пари.
Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.
Без изговори. Без калкулации.
Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.

