Македонија
Осми ден протести против францускиот предлог
Кордон полиција ги предводеше демонстрантите на осмиот ден протести против францускиот предлог.
Неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да ја пренесат пораката „Ултиматум- Не благодарам“.

Со македонски знамиња и со транспаренти на кои пишува „Сепак ние ќе победиме“, „Стоп за бугаризација“, „Со фашисти не преговараме“ демонстрантите се движеа од Владата, преку Министерството за правда до Собранието.

Пред присутните на протестот се обрати Филип Ѓорѓиев.
” Да им кажеме едно големо НЕ за Ултиматум со кој што треба сами да си се укинеме како нација и да го поништиме постоењето на нашиот мајчин јазик и да го загубиме идентитетот”

Тој додаде дека Владата мора да го слушне народот кој е против овој Ултиматум.
“Европско ДА само ако влеземе како Македонци кои се гордо исправени, а не како асимилирани Бугари”, изјави Ѓорѓиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

