Македонија
(Видео) Откако изгоре трската, пожарот во Струга го гаснеше само едно возило
Со едно возило, по неколку часа беше изгаснат пожарот којшто ја зафати трската во крајбрежјето на Охридското Езеро кај Струга. Поради ветрот, огнот се движеше со голема брзина, а мештаните велат дека по долго време пожарот сепак бил локализиран, откако изгорела трската најверојатно ,,до таму до каде што на некого му треба”.

Според мештаните, на ова место каде што денеска гореше трската, се зборува дека е во план изградба на хотел.
Изминатиов период палењето на треска во крајбрежјето е честа глетка на струшката страна на езерото. На тоа реагираа бројни еколошки организации кои изразија сомнежи дека трската се пали намерно на места на кои подоцна е планирана изградба на угостителски објекти.
Од Охрид СОС претходно кажаа дека максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.
Од невладината организација „Извиднички одред“ стравуваат дека зад случаите со палење трски се кријат економски и градежни интереси покрај езерото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

