Македонија
(Видео) Папазов: Реализираме три стратешки проекти за Кочани
Градоначалникот на општина Кочани, избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, денеска, во присуство на партискиот лидер Христијан Мицкоски, промовира три стратешки проекти што се во постапка на реализација на територијата на општината.
Еден од нив е изградба на колекторот, како и секундарната мрежа за канализација во село Тркање и приклучок на фекалната канализација кон пречистителната станица во Мојанци.
„Ја посетив и улицата Роза Петрова, која неодамна беше завршена со асфалтирање, во моментот се покрива тротоарската површина и ќе биде полесно за граѓаните што гравитираат да користат една широка, убава и безбедна улица во градот.
Во моментот се наоѓаме кај најбитниот проект што се реализира – тоа е замена на главниот потисен цевковод, со кој се снабдува градот со вода за пиење. Проектот се реализира во должина од 2 километра, со тоа ги решаваме проблемите со водоснабдување, кои со години се детектирани на овој потег“, истакна Папазов.
Мицкоски, пак, нагласи дека ќе продолжи со посета на општините, каде што се избрани градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надевам дека ќе продолжат онака како што почнаа и помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе работиме“, рече парискиот лидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.
ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести“ за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега „нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група“.
„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници“, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.
Македонија
„Премиерот на море со авион, а за работниците нема пари за 600 евра плата“, велат од СДСМ
„Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион. Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците“, велат од СДСМ.
„Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.
Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво.
Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион?“, прашуваат од СДСМ преку писменото соопштение.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

