Македонија
(Видео) Пендаровски на Самитот за климатски промени: И покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции
Пандемијата на Ковид-19 сè уште доминира на светската агенда. Затоа не смее да се потцени еден од најголемите системски ризици врз човештвото, рече претседателот Стево Пендаровски на Светскиот лидерски самит во рамките на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP26) во Глазгов.
„Научниците велат дека можеби останува само уште една деценија за светот да ги преосмисли фундаментално своите развојни парадигми, да ги промениме нашите животни навики и да ги закрепнеме нашите економии на цврсти и одржливи основи. Ако ги игнорираме ваквите загрижувачки трендови, следуваат катастрофални последици за животната средина, здравјето, безбедноста на храната и водата, односно за целокупната безбедност и развој на луѓето. Она што го ветивме во Париз мора да го испорачаме тука во Глазгов“, рече Пендаровски.
Како земја кандидат за членство во ЕУ подготвена да почне преговори, додаде тој, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство.
„Поддржувајќи го Европскиот зелен договор, подготвени сме со нашиот удел да придонесеме Европа да стане првиот јаглеродно неутрален континент до 2050 година. И покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. За таа цел го усвоивме ревидираните национално утврдени придонеси. Нашата амбициозна цел поставена за 2030 година е да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 % во споредба со нивоата од 1990 година или 82 % во нето-емисии во споредба со истата година која е земена како појдовна основа. Осмисливме 63 политики и мерки за ублажување, кои се родово одговорни и поврзани со 15 цели за одржлив развој. Спроведувајќи ја нашата долгорочна стратегија за климатски акции, се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија. Вклученоста на целото општество ќе помогне во справувањето со невработеноста преку создавање еколошки работни места, намалување на загадувањето со обновливи извори и развој на одржливи навики преку образование“, рече Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

