Македонија
(Видео) Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба
Нема потреба од нова вонредна состојба, соопшти претседателот Стево Пендаровски.
Тој рече дека ниту една од претходните четири вонредни состојби не биле воведени поради бројот на заразени и починати лица од коронавирус, туку за да може Владата да носи мерки во социјалната, економската и во здравствената сфера.
„Споредбите за бројот на заразени се без основа, а вонредната состојба и полицискиот час нема никаква врска едно со друго, за затворање на општина или цела држава има законска регулатива, односно за тоа нема потреба од Собрание и вонредна состојба“, рече Пендаровски.
Друга заблуда, додаде тој, е дека вонредната состојба има врска со датумот на избори.
„Да појаснам – избори може да се одржат и во вонредна состојба“, појасни Пендаровски.
Претседателот рече дека добил информации од Владата оти се обезбедени доволни количини медицинска и заштитна опрема, донесени се економски мерки за поддршка на националната еконимија за кои постои покритие во буџетот.
Исто така, додаде Пендаровски, Владата не поднела барање за продолжување на вонредната состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

