Македонија
(Видео) Пендаровски со сопругата на концерт на млади музичари од Музичко-балетскиот училишен центар
Во рамки на одбележувањето на jубилејот 30 години независна македонска држава, вчеравечер претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на концертот насловен „Музичка вечност“ на кој настапија млади музичари од Музичко -балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје.
Концертот е дел од низата културни настани „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“, преку кои се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост.
На концертот настапија младите музичари: Виктор Рафајловски, Горјан Стојановски, Ана Смилевска, Светле Васкова, Марио Иванчов, квартетот во состав: Симеон Гошев, Маријана Лазаревиќ, Виктор Манев и Антонио Илиоски, фолклорниот квинтет: Мартина Трајковска, Сандра Димитриевска, Влатко Ѓорѓиев, Стефан Трајковски и Мартина Муневски, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригетентската палка на Весна Димчевска, а пијано соработник на концертот беше м-р Билјана Петровска.
Младите музичари се претставија со дела на реномираните македонски композитори Зографски, Прокопиев и Шуплевски, како и со дела на светски познатите композитори Моцарт, Шопен, Пјацола, Коломеец и др. Фолклорниот квинтет се претстави со две изворни фолклорни нумери од Разлошкиот и пределот на Скопска Црна Гора.
Младите музичари се претставија со дела на реномираните македонски композитори Зографски, Прокопиев и Шуплевски, како и со дела на светски познатите композитори Моцарт, Шопен, Пјацола, Коломеец и др. Фолклорниот квинтет се претстави со две изворни фолклорни нумери од Разлошкиот и пределот на Скопска Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

