Македонија
(Видео) Перински: Ќе работиме на проекти кои ќе значат решенија на долгогодишните проблеми

Во животот секогаш сум се борел за успех. Ова се ретките прилики кога може да се создава за народот и државата, истакна Златко Перински, предлог министер за локална самоуправа во новата Влада.
„Долги години секој од вас даваше за државата, време е таа да ви врати. Како министер за локална самоуправа заедно со општините ќе работиме на создавање на проекти и вредности кои ќе значат решенија на долгогодишните проблеми.
Ќе се борам за секој еден проект и секој еден од вас ќе има пристап до мене и ќе има отвореност од моја страна за секој ваш предлог или проблем.
Следуваат многу убави работиз нови проекти за локалниот развој. Мора да ја смениме сликата за почитиката затоа што институциите ви перпаѓаат вам.
Апатијата, разочараноста ја чувствуваме сите, во хаосот кој го наследуваме од претходниците за жал живееме сите. Ние сме дел од вас, јас сум дел од вас, и секој мој чекор ќе биде за вас. за тебе! Затоа што заслужуватеш повеќе затоа што мораме повеќе! Македонија ќе биде повторно твоја!“, вели Перински.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.