Македонија
(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта
Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
Според неа, документот е издаден една недела по крвавиот четврток на 27 април.
„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска стекнала бугарско државјанство за што постои и документ ‘удостоверение’. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова, почитувани граѓани, е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич, која патем сѐ уште е важечка. Оваа лична карта на Арсовска е издадена на 5 мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“, рече Петровска.
Таа упати прашање до Арсовска со каква намера и цел ја подигнала бугарската лична карта само неколку ден откако пропаднал обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.
„Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема“, рече Петровска.
Ништо не може да го скрие фактот, додаде таа, дека таа, освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.
„Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје избираат градоначалник, а не кмет. В недела, на 31 октомври, да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави пратеничката од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

