Македонија
(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Ова го изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Таа искоментира дека партнерството меѓу Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, туку и соработка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија.
Петровска им заблагодари на САД и посочи дека во Армијата нема простор за деструкции и импровизации, бидејќи им служи на државата и на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.