Македонија
(Видео) Петрушевски: Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?
„Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?“, праша денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Бојко Борисов своевремено сам кажа дека лично ја помогнал опцијата на Зоран Заев за доаѓање на власт. Од тогаш до сега во СДС ништо не е сменето, тоа што функционирало со Заев, функционира и со Филипче, затоа што првиот е ментор на вториот. Ако тоа го направиле еднаш и знаеме како заврши, тогаш што сега ќе добие СДС за бонбона бизнисот со Бугарија? Таканаречената Резолуција која ја брендираа со таканаречени црвени линии не се ништо друго, туку Тројански коњ за измама на народот. Но едно забораваат, народот нема да падне на нивните лаги, ниту можат повеќе да го лажат. Граѓаните видоа што се вистинските намери на СДС и затоа жестоко ќе ги казнат на овие избори“, истакна Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

