Македонија
(Видео) Пешевска: Мерната станица во Гази Баба не е во функција од сомнителни причини
Изминатиов период бележиме алармантни статистички податоци што ги добиваме од светските организации, но и огромен број реакции од граѓаните во однос на енормно загадениот воздух во градовите во Републиката, изјави на прес-конференција, Жаклина Пешевска, пратеник на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како пратеник што доаѓа од општина Гази Баба, морам да напоменам дека како и во неколку други општини во град Скопје, така и во оваа, мерната станица од сомнителни и неразбирливи причини не е во функција веќе извесен период. Но, и без тоа граѓаните чувствуваат дека воздухот во општина Гази Баба е загаден. Пред само неколку дена се појавија шокантни податоци за присуство на ПМ 10-честичките во воздухот во општина Гази Баба за потоа да слушнеме дека мерната станица не била исправна, а податоците не биле релевантни“, рече Пешевска.
Таа додаде дека заменик-министерот за животна средина и Владата се обидуваат да го релативизираат проблемот со загадениот воздух во Македонија велејќи дека дури 90 проценти од населението во Европа дише загаден воздух.
„Оваа теза ја промовира истиот тој заменик-министер за животна средина кој два дена се криеше од јавноста и избегнуваше да даде одговори за хаваријата што се случи пред неколку дена во фабриката ОХИС. Ова е крајно лицемерно и неодговорно однесување на власта во однос на ова прашање бидејќи токму СДСМ во предизборието на големо ветуваше живот за сите, чист воздух за сите и се обврза да го намали загадувањето на воздухот до 2020 година, и тоа во Скопје до 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто. Како и за сите други работи, и од ова произлезе уште една голема лага и предизборна манипулација, која СДСМ ја пласира пред граѓаните со цел да ја добие нивната доверба, но, за жал, тие останаа измамени“, заклучи Пешевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

