Македонија
(Видео) Попова: Шилегов со куп железо го нагрдува ГТЦ
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, со куп железо го нагрдува ГТЦ, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ, барајќи итно да сопре изградбата.
„Оваа грдодија зад мене, за жал, е новото ‘ремек-дело’ на Шилегов за скопјани. Овој куп железо зад мене е директно нарушување на архитектурата на Градскиот трговски центар. И архитектите и уметниците, но и самите скопјани, се сложуваат дека оваа градба на Шилегов го нарушува ликот на Градскиот трговски центар. Значи, имаме еден Петре Шилегов, кој во опозиција го гушка ГТЦ, и друг Петре Шилегов, кој кога е власт, со куп железо го нагрдува истиот тој Градски трговски центар“, рече Попова.
Таа нагласи дека на покривот на ГТЦ, Шилегов направил зелено катче, кое прокиснало, но не заборавил да гради ресторан, кој, по реакцијата на јавноста, не е довршен.
Од друга страна, вели Попова, во исто време кога се нагрдува ГТЦ, за време на полициски час, среде центарот на Скопје се вадеа канделабри, и тоа во ек на пандемијата од страна на целосно незаштитени работници.
„Бараме итно да се сопре градбата на оваа грдотија зад мене и да се направи план за спас на Градскиот трговски центар од фиксидеите и неиживеаноста на Петре Шилегов. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, сметаме дека најпаметното нешто што Шилегов може да го направи за спас на Скопје и да ги спаси скопјани од него е да си поднесе оставка“, додаде Попова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество
„СДСМ од секогаш била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.
„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.
Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.
„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не’ подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.
„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи.
Македонија
Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар и фер конкуренција
Кандидатот за пратеник во втората изборна зона, Елми Азири преку пресс конференција го претстави Договорот за економски консензус (Економски рамковен договор), како еден од трите столба на платформата на Европскиот Фронт „Европа 2030“.
„Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.
Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030“, рече Елми Азири.
„По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).
Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.
Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.
Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.
Договорот има за цел следните приоритети:
-Конкурентна економија и дигитална трансформација;
-Одржлив развој и зелена трансформација;
-Современа инфраструктура и правичен регионален развој;
-Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.
Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.
Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.
Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.
Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.
Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.
Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.
Со овој договор ќе бидеме самата Европа!
Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт“, изјави Елми Азири, кандидатот за пратеник во втората изборна единица.
Македонија
„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност
Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.
Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.
Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.
„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.
„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.
Тој заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.