Македонија
(Видео) Попов: Заев и Шилегов со багери газат граѓани кои не се согласуваат со нивните политики
Само во Кина во време на наjбруталниот комунизам со тенкови се газеа студенти кои не се согласуваа со политиките на власта. Заев и Шилегов сега со багери газат граѓани кои не се согласуваат со нивните политики. Жичницата, која е на сите граѓани, е исклучена од употреба со соопштение дека се сервисира со цел да се спречат поголем број луѓе да се придружат на протестот, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, оваа тоталитарна власт дури им забрани и на медиумите да известуваат за овие протести со цел јавноста да се спречи да дознае што точно се случува на Водно.
,,Лажните душегрижници и борци за чист воздух од власта со месеци ја лажеа јавноста дека шумата на Водно нема да се сече за подоцна да видиме дека откако ја исекоа решија дека треба да ја сочуваат. Шилегов и Власта прават егзекуција на Водно.ВМРО-ДПМНЕ повикува власта итно да прекине со ова дрско и безобразно разбивање на протестите.СДСМ треба да знае дека протестот е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Република Македонија. Зоран Заев, Петре Шилегов и сите други инволвирани во овие немили настани под итно да престанат да го загрозуваат животот на граѓаните и да им дозволат да го искористат своето право на протест”, изјави Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

