Македонија
(Видео) Потпишана спогодбата за покачување на платите на просветните работници
Просветните работници во основното и средното образование во октомври ќе добијат покачување од пет отсто на платата. Во Владата денеска во присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за образовани и наука, Арбер Адеми, и претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, ставија потпис на спогодбата со која се утврдува покачување на платата за просветните работници.
Спогодбата за зголемување на основицата за утврдување најниска плата во образованието од 5 отсто на просветните работници е одлука донесена на вчерашната седница на Владата.
Премиерот Заев на денешното потпишување на оваа спогодба во своето обраќање пред присутните медиуми рече дека ова потпишување доаѓа како резултат на исполнувањето на ветувањето утврдено во буџетот за оваа година и ќе се реализира со исплатата на септемвриската плата.
Тој исто така дополни дека Владата и Министерството за образование нема да отстапат од неопходните реформи за модерен сопствен концепт на образование, како што рече тој, соодветен на нашите потреби и можности.
Министерот Адеми изрази задоволство што токму пред почетокот на учебната година со СОНК се потпишуваат две спогодби за трајно зголемување на личните примања на просветниот кадар и на оние што се вработени на определено, но и на оние што се на неопределено време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.