Македонија
(Видео) Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се одлучи за кинески, ама уште нема никакви
Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се одлучи за кинески, ама уште нема никакви, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова.
„Додека сите држави се во трка за вакцина повеќе, последно од министерот за здравство, Венко Филипче, е дека е набавена како што вели ‘најсофистицираната терапија на антитела за ковид-пациенти’. Ама според министерот за здравство, на време и доволно има и ‘ивермектин’, па пациентите се жалат дека го нема или едвај се наоѓа молејќи познати. Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред вратата на Кинезите“, рече таа.
А, самиот тој, додаде Поцкова, пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови.
„Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека ‘сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот’. Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот“, рече Поцкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

