Македонија
(Видео) Прва помош за родителите со мали деца – објавен педијатриски прирачник за правилен раст и развој
Педијатриски прирачник за помош на родителите со деца од 0 до 6-годишна возраст е публикуван и отсега може да се најде насекаде низ државата.
Прирачникот претставува прва помош за вистинска насока при некој здравствен проблем кај нивното дете, како и вистинска насока за правилен раст и развој на децата.
Зад прирачникот стои стручен тим составен од м-р д-р Ангелчо Андоновски, проф. д-р Татјана Јаќовска, педијатри проф. д-р Силвана Филипова , доц. д-р Ана Поповска логопеди – дефектолози.
„Тимот со голема емпирија и познавање на проблемите кај децата го создаде овој прирачник за да им послужи на идните генерации да се здрави и среќни. Се’ за децата!“, порачаа издавачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

