Македонија
(Видео) Прилепчани добија нови еколошки автобуси
Четири еко-автобуси се вклучија во системот на јавниот патнички транспортен систем во Општина Прилеп.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска на свеченоста истакна дека овој настан е дел од промоциите на проекти, мерки или решенија кои се од директна придобивка за здравјето на граѓаните и за заштита на животната средина со кои Општина Прилеп обезбедува еколошки, пријателски јавен транспортен систем за сите прилепчани.
Тој потенцираше дека станува збор за систем кој низ годините што претстојат ќе обезбеди еколошки чист, безбеден и ефикасен јавен сообраќај, на големо задоволство на граѓаните и на општината.
„Екологијата е важна работа во државата и овие четири, нови автобуси навистина Прилеп ќе го направат еколошки град, многу позначаен, знаејќи дека преку тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Сакам да им честитам и на сите во Општината, коишто управуваат со општинските пари, за оваа сериозна инвестиција, многу важна, којашто покрај тоа што овозможува еколошки транспорт на граѓаните од една дестинација до друга низ Прилеп, секако ја испраќа пораката до сите нас граѓаните, до целата држава, за еколошките вредности, за важноста за здравјето на граѓаните за коешто треба да бидеме посветени сите ние“, истакна Заев.
Премиерот нагласи дека тој, и Владата на Република Северна Македонија, и понатаму ќе продолжат да се фокусираат на еколошките активности, и да работат заедно со општините на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.
„Сакам да ја информирам јавноста дека ми е драго како претседател на Владата што општините се вклучуваат во сите овие еколошки активности. Владата веќе ја подготвува програмата за супституција во неколку града, којашто ќе почне пред грејната сезона за замена на грејните тела на фосилни горива со високо вредносните инвертори и други системи за еколошко греење и ладење, коешто како огромен проект веќе се развива во владините институции и владините јавни претпријатија“, рече премиерот Заев.
На оваа пригодна церемонија изјави за медиумите имаа и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Марија Цветаноска кои истакнаа дека со новите автобуси значително ќе го подобрат јавниот превоз во градот, кој освен квалитетен градски превоз ќе придонесе и за поздрава животна средина.
На свеченоста присутен беше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

