Македонија
(Видео) Регионална конференција „Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“
„Едно општество, односно еден систем не се вреднува по квантумот на институции, на закони или по бројноста на население, на ресурсите, на разноразните статистики, кои се толку менливи и променливи. Вистинските вредности доаѓаат од способноста на општеството да може да дејствува да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции“, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својот говор за време на регионалната конференција.

Регионалната конференција посветена на темата „Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“ беше во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Мисијата ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија.
Спасовски за време на својата изјава посочи: „Еврејската заедница овде во Македонија е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на Македонецот и нашето општество, таа е суштински дел од нас, од овдешната култура, традиција и воспитание. Нејзиниот печат е длабок и драгоцен и ние тоа го знаеме и сакаме да го чуваме. И заради себе самите и заради нив како наши сограѓани и пријатели. И токму поради таквото наследство, поради тој дар оставен од нашите предци, ние сме должни да бидеме и натаму будни, подготвени за брз и ефикасен одговор на институциите кон сите обиди или трендови за појава на каква и да е омраза“, истакна Спасовски.

Министерот посочи дека од страна на МВР таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен, истовремено порачувајќи дека не само МВР туку и сите други институции во земјата се широко отворени за сите иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

