Македонија
(Видео) Ристевски: 700.000 денари одвои Владата за техничка документација за водовод во Долно Лисиче
Нови 700.000 денари одвои Владата предводена од СДСМ за граѓаните на Општина Аеродром, изјави Милутин Ристевски, советник во Советот на општина Аеродром.
Како што рече, овие средства се наменети за изработка на техничка документација за изградбата на нова водоводна мрежа за жителите на улиците 2, 4 и 20 во Долно Лисиче.
„Ова ги решава проблемите со снабдувањето со вода, со кои се соочуваа жителите на овој дел од Долно Лисиче.
Општина Аеродром е една од вкупно 27 општини ширум државата кои во февруари годинава добија средства на конкурсот за проекти од областа на животната средина, спроведен од Министерството за животна средина.
СДСМ подеднакво се грижи за жителите на сите општини во државата, спротивно на лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.
За потсетување, доградбата и надградбата на ОУ „Блаже Конески“ е капитална инвестиција за која 100 милиони денари одвои Владата од централниот Буџет за 2024 година. Дополнително, 70 милиони денари годинава беа одвоени и за изградба на нов објект на клонот Изворче, на детската градинка Срничка.
Владејачкото мнозинство во Собранието предводено од СДСМ, во амандманската расправа за Буџетот за 2024 година, прифати амандмани на опозицијата со кои се обезбедија вкупно 170 милиони денари.
Со прифаќањето на овие амандмани се овозможи надградбата на ОУ Блаже Конески и изградбата на новиот објект на ДГ Срничка.
Оваа инвестиција го решава проблемот со недостаток на места во училиштата и градинките на територија на Стар Аеродром.
Парламентарното мнозинство даде поддршка за овие амандмани со цел да го поттикне развојот на општините и да создаде услови за рамномерен регионален развој.
Владата предводена од СДСМ покажува на дело како се грижи за сите граѓани, без притоа да има било какви политичко-партиски, етнички и други приоритети.
Приоритет број еден за СДСМ се граѓаните“, изјави Ристевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

