Македонија
(Видео) Ристески: Муцунски ја преспа годината, потврдија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Аеродром за 2023-та
„Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“, вели Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром
„Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот Буџет. Со други зборови биле реализирани 264,8 од планираните 397, 8 милиони денари. Од ова се гледа дека прибирањето на буџетските приходи на Општина Аеродром лани ѝ одело исклучително лошо. Тоа го доведе во прашање нормалното функционирање на општината и финансирањето на редовните обврски. Тоа објаснува зошто на крајот на годината на шверцерски начин, со одлука на Совет спонзорството за КК МЗТ беше намалено од 24 на 19,7 милиони денари. Меѓу другото, тоа е причина за доцнењето на платите на играчите и вработените во кошаркарскиот клуб. Тоа ги објаснува и огромните кратења во поддршката на културата, спортот и невладиниот сектор. На истиот шверцерски начин, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на минатата година одлучи исплатите од јавните повици за подршка на спортот и културата да ги продолжи и годинава, од новиот буџет“, кажа тој на прес конференција.
„Со други зборови, Буџетот од оваа година ќе се троши за исплата на обврски од минатата година, заради недомаќинското работење на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром. Во делот на сообраќајна инфраструкрура, согласно годишниот извештај, за цела 2023 година изградени се само две новопланирани улички и дел од паркинг во Стар Аеродром. Деловите од извештајот кои се однесуваат на крпење на дупки на улиците, одржување на детски и спортски игралишта, одржување на фонтани, одржување на јавни зелени површини се илуструрани исклучиво со фотографии, без никакви други податоци. Останува енигма колку нови паркинг места има во општината, а Муцунски вети 3.000 до крајот на мандатот. Енигма останува и бројот на завршени предмети за легализација, спротивно на ветувањето дека сите ќе бидат завршени до крајот на 2022 година. Ветените 4 нови градиники не се ни почнати. Никаде не фигурираат во годишниот извештај за 2023 година. Со други зборови, Муцунски преспа уште една година од својот мандат“, изјави Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

