Економија
(Видео) Ристова: Во услови на криза СДСМ презема мерки за да се зачува стандардот на граѓаните и економијата
Владата предводена од СДСМ внимателно ги следи глобалните економски текови и последиците од агресијата врз Украина. Се преземаат сите мерки за да се зачува и унапреди стандардот на граѓаните, да се сочува економијата во услови на криза. Апелираме до граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, изјави на денешната прес-конференција Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ
Таа додаде дека по замрзнувањето на цените, Владата донесе одлука за ограничување на маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на 5 отсто на трговијата на големо.
Истовремено, државата има задоволителна количина од потребните прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.
Ристова додаде дека продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата, се работи на методологија за ново покачување на пензиите, како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.
Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на мерки и политики што им го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и ја помагаат домашната економија, изјави Ристова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

