Македонија
(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии
Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии. По потпишувањето на меморандумот, премерот Заев и pотсекретарот Крач, се осврнаа на важноста од потпишувањето на овој меморандум, особено што земјава, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ и со оние на САД.
Како што истакна премиерот Заев, со меморандумотдвете земји ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која е во согласност со нашиот Национален оперативен бродбенд план, што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализација на земјата.
„Имајќи ги предвид предностите на безжична комуникација од 5G генерацијата, овој меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност. 5G ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста, што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Северна Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговија“, изјави премиерот Заев.
Северна Македонија и САД ја нагласија важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G пазарите, земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G мрежите од неовластен пристап на трети страни.
Потсекретарот Крач се осврна на соработката со Северна Македонија, како важен стратешки партнер. Особено сега, кога со овој меморандум Северна Македонија како дел од НАТО Алијансата, се приклучува и на групата од 27 земји членки на НАТО, кои се дел од „Чиста мрежа“ (Clean Network).
Како што рече тој, овој меморандум ги адресира ризиците и ги зема во предвид безбедните интернет мрежи кои се од витално знаење за националната безбедност, економскиот просперитет и стабилност во регионот.
„Заедно, ние ја контролираме нашата 5G иднина и можеме да обезбедиме безбедна и сигурна иднина за начите граѓани. Овој меморандум пред се е за довербата, и не само како симбол на силната доверба помеѓу двете земји, но и со сите други држави кои со помош на безбедните мрежи се посветени на борбата помеѓу слободата и авторитаризмот“, заклучи потсекретарот Крач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

