Македонија
(Видео) Силјановска Давкова: Легитимитетот извира од граѓаните и ним им припаѓа
„Ако не го остварувате она што сте го ветиле, ако не сте напредувале во економијата, во здравството, социјалната заштита, образованието, вие сте делигитимирани и треба да си одите! Не да ветувате дека сега во вториот мандат чуда ќе направите. Однесувањето на нашиот претседател ми личи на Јанус со не знам колку лица. Еднаш вели: – Се што не сум остварил, ќе остварам. Па наредниот ден вика: – Се остварив, нема причина што друго да ветувам дека ќе остварам. Неверојатно“, рече кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Тетово.
„Нас ни треба политичар со интегритет и дигнитет! Политичар со народен народен лик! Кој ќе биде со народот и меѓу народот преку народните канцеларии! Кој ќе биде меѓу народот преку пораките во парламентот! Кој ќе биде за народот кога ќе става вето! Кој ќе биде исто така за државата и нацијата кога надвор ќе ги праќа најдобрите дипломати! Кој ќе биде за мирна Македонија, за безбедна Македонија кога во Советот за безбедност ќе креира одлична политика! Кој ќе биде за уметност, наука и култура кога ќе им доделува награди на најдобрите! Кој ќе биде за право и правда кога во судски совет ќе именува најдобри правници! Кога ќе биде за уставност и законитост тогаш кога најдобрите судии ќе бидат во судовите! Тогаш тој ќе ја заслужи Македонија и ќе ја направи повторно горда!“, кажа Гордана Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

