Македонија
(Видео) Силјановска Давкова: Незамисливо е да има вицепремиер за борба со корупција кога имаме Антикорупциска комисија
Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за избор на влада изјави дека СДСМ само ја повтори програмата од 2016 затоа што тоа што го вети тогаш не го исполни, додека пак сега наградува партиски функционери за министри и измислува министерства кои не постојат.
„Најболно беше прашањето за името, неодвоиво од прашањето на идентитетот, дека се работи за армиран бетон, а слушнавме од личност која е важна за НАТО, господинот, Роб Бауер, командант на вооружените сили на Холандија, чија дикција беше нагризување на бетонот, тој употребува Северномакедонци. Тој е тој нов концепт и понатаму во иднина може да очекуваме тоа име да се одразува на идентификацијата на нацијата“, рече Силјановска Давкова.
Таа истакна дека програмата на владата нема карактер на програма, нема стратегија во секое министерство, цели, актери, временска рамка, проекти, а нема ниту стратегија како би оделе во ЕУ, а се вели дека сме на прагот.
„Што со договорот со Бугарија? Дали ќе не попречува? Што понатаму со Преспанскиот договор? Дали сега ние имаме концепт што ќе правиме? Во 26 амбасади немаме човек, како во мултилатерала и билатерала ќе бидеме активни?“, вели Силјановска Давкова.
„Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само 4 се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно. Ги гледам колегите за внатрешни и за одбрана, а најопасно е да бидете на таа функција повеќе пати од познати причини и не постои Министерство за политички системи и односи меѓу заедници, тоа е измислена категорија, а оној предлог за министер кој ќе управува за справување со корупцијата апсолутно е незамислив, затоа што министрите се потенцијални клиенти во корупцијата и тоа мора да биде надворешно тело, имаме Антикорупциска комисија“, нагласи Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

