Македонија
(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни
Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО.
На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Сијарто рече дека Унгарија ќе се обиде да издејствува најдоцна до мај да се затвори рамката за преговорите и најдоцна во јуни да почнат самите преговори.
Во однос на унагрската помош што денеска беше донирана, Сијарто нагласи дека таа е со цел подобро справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
„Соработката со Унгарија и Кина ефикасно функционира и постојано пристигнува медицинска опрема на територијата на Унгарија. Во изминатата недела купивме од Кина една фабрика за производство на оваа опрема која ќе произведува заштитни маски. Веќе машините се инсталирани и многу бргу ќе започне и производството, така што е возможно да ви пружиме и конкретна помош“, посочи Сијарто.
Унгарскиот министер ја оцени координацијата помеѓу земјите членки на ЕУ како бавна и, како што рече, државите биле оставени лично да се борат со коронавирусот.
Во врска со миграциите, Сијарто истакна дека унгарските полицајци заедно со македонските полицајци на границата, годинава спречиле најмалку 5.600 обиди за илегален премин. Воедно, унгарскиот министер нагласи дека имаат огромен интерес за справување со миграцискиот притисок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

