Македонија
(Видео) Славева: Нов бран на 107 вработувања, администрацијата затрупана со некомпетентни кадри
,,Криминалната власт на Зоран Заев во заминување спроведува брутална партизација на администрацијата.Тоа што Зоран Заев се самопостави себеси за министер за финансии отвори огромна дупка во контролата врз нови партиски вработувања кои што би имале штета врз државниот буџет. Моментално нема одговорен државен функционер кој би му кажал на Заев каква штета предизвикува новиот бран на вработувања врз државниот буџет. Заев како министер треба да го предупреди Заев како претседател на Владата за штетата која се предизвикува во јавната администрација и државниот буџет”, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, оваа власт знае дека ја губи моќта и решава на провиден начин колку толку да ги задоволи незадоволните партиски послушници во последниот час пред новите избори.
,,Сведоци сме на нов бран на нови 107 вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција. Сите овие вработувања немаше да бидат спорни доколку институции ги немаа изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.
На пример, во Генералниот секретаријат на Владата, под палката на Рашковски, кој слушнавме како мести тендери, а и според сведочења од тамошните вработени безмилосно се однесува кон послабите од него само затоа што му се може, минатата година безмалку десетпати се сменила систематизацијата на институцијата. Согласно нашите податоци, во 2018 година оваа себична власт во државниот и јавниот сектор вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници.
Па така, за пример, 27 нови некомпетентни кадри ќе бидат вработени во Управата за финансиска полиција кои што на месечно ниво ќе ја празнат државната каса за 14 000 евра, а на годишно ниво од државната каса за партиските послушници на оваа власт ќе се одлеваат 168.000 евра или 10.332.000,00 денари.Ниеден државен инспектор не се осмелува да реагира по повод овие неправилности кои се прават во јавната администрација поради ризикот да ја изгуби својата работа под притисок на моќниците од власта”, додаде таа.
Според Славева, јавната администрација е претрупана со некомпетентни кадри. ,,Секоја чест на исклучоците кои мака мачат со своите колеги кои се вработени со повластици, а не си ја работат работата. Непартиските јавни службеници се обесправени, малтретирани и омаловажени. Наместо подобрување на администрацијата како сервис на граѓаните, секој ден назадуваме во спроведувањето на европските стандарди и пракси поради неодговорноста на оваа власт.
Народот гледа, цени и памти. Сведоци сме дека вакво страдание проследено со скандали и тешки измами, проневери, партиски вработувања и државни скандали Македонија не памти.
Овие чекори се последната сламка на спасот на Зоран Заев и неговата екипа која секојдневно го шокира светот и ја срами државата. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе да допрат до власт”, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.
Македонија
Нова опрема за анализа на тешки метали во почвата во Државната лабораторија за животна средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.
Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите.
Во рамки на посетата беше нагласено дека Лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.
Дополнително,во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина.
Македонија
Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик
По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од поголем јавен интерес.
Судот не поведе постапка за оценување на одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на исплата на пензиите во земјата.
Подносители на иницијативите се Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески и Кире Батев.
Претседателот Костадиновски изјави дека мнозинството судии оценило оти пензионерите кои ја примаат пензијата во државата и оние што ја примаат надвор од неа се во иста правна, но не и во иста фактичка состојба. Според него, за повреда на членот 9 од Уставот, кој се однесува на еднаквоста, потребно е субјектите да бидат во иста правна и фактичка положба, што во овој случај не е исполнето.
Тој посочи дека мерката има социјален карактер и легитимна цел – ублажување на последиците од растот на трошоците и инфлацијата. Додаде дека по истекот на времените услови утврдени со мерката, се враќа редовното законско усогласување на пензиите, кое важи и за лицата што не живеат во земјата.
Судијата-известител Осман Кадриу изјави дека предложил да се поведе постапка, но не добил мнозинство гласови. Тој оцени дека со оспорените одредби се врши дискриминација врз пензионерите кои живеат надвор од државата и дека им се ускратуваат правата на зголемување и усогласување на пензиите.
Во однос на предметите У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023, кои се однесуваат на измените на Кривичниот законик, Судот ја запре постапката, оценувајќи дали Законодавецот постапил согласно насоките од претходното решение со кое беше поведена постапка.
Мнозинството судии констатирале оти во формален аспект Законот е донесен согласно процедурите. Во однос на материјалната уставност, дел од судиите сметале дека новото решение не е идеално, но е подобро од претходното.
Тој нагласи дека евентуално поведување нова постапка и укинување на законот би создало правен вакуум и правна празнина во санкционирањето на злоупотребите на јавни средства, поради што мнозинството одлучило да ја запре постапката, водејќи се од принципите на правна сигурност и предвидливост.
Судијата Кадриу изјави дека гласал против запирањето на постапката, наведувајќи дека, иако Законодавецот ја испочитувал формалната процедура, не постапил целосно по одлуката на Уставниот суд во материјалниот дел.

