Македонија
(Видео) Спасовски во Брисел: Бегалски кампови во Македонија нема да има
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел имаше работен состанок со комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг и министрите за внатрешни работи на Западен Балкан.
Состанокот даде можност за дискусија за заедничките предизвици и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика. Посебно се осврнавме на најновите случувања во врска со илегалната миграција во регионот и оперативните мерки за нивно решавање, се вели во заедничкото соопштение на комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, комесарот за безбедносна унија, Џулијан Кинг, министрите за внатрешни работи на Западен Балкан и на сегашното и идните претседателства на Советот на Европската Унија по денешниот работен состанок во Брисел.
„Надоврзувајќи се на приоритетите на Стратегијата за Западен Балкан, разговаравме и за тековната работа во областа на миграцијата, безбедноста, граничното управување и визната политика, во контекст на претстојниот министерски состанок за внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан кој ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Тирана. Се согласивме дека обезбедување ефективно гранично управување, борбата против криумчарењето и заедничките напори за спречување на илегалните миграциски текови остануваат врвни приоритети и за ЕУ и за Западен Балкан. Партнерите од Западен Балкан, исто така, се заложија за продолжување на заедничките напори во решавањето на феноменот на странските терористички борци, спречување на насилен екстремизам и радикализација и засилување на борбата против недозволената трговија со огнено оружје“, се наведува во заедничкото соопштение до медиумите.
Според Спасовски, европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, истакнал дека на овој состанок не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. „Македонија е одлучно спротиставена на ваквата идеја“, изјави Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

