Македонија
(Видео) Спасовски: Ги подобруваме сообраќајните капацитети во насока на забрзан локален и рамномерен регионален развој
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на Светска банка и градоначалници од општините од нашата држава присуствуваа на настан реализиран по повод отпочнување на владиниот „Проект за поврзување со локалните патишта” во општините, односно за рехабилитација на локалните сообраќајници, што Министерството за транспорт и врски со средства од Светска банка го реализира во нашата земја.
„Овој проект со право заслужува третман на капитален зафат, што во голема мерка ќе ги подобри сообраќајните и транспортните капацитети како во насока на локален и рамномерен регионален развој, така и генерално, во интерес на граѓаните, на економијата на државата. Станува збор за проект од широк јавен интерес, со којшто се опфатени сите наши локални самоуправи, се разбира согласно проекциите веќе стручно елаборирани и од страна на Министерството за транспорт и врски, давајќи им отворени можности на општините, преку самостојно утврдување на сообраќајно – инфраструктурните приоритети, заедно со ресорното министерство, да партиципираат во подобрување на овој суштински важен сегмент не само на локалните заедници, туку и на државата во целост”, елаборираше министерот Спасовски, при што ја потенцираше важноста за МВР од квалитетно управување со безбедноста на патишта и подобрувања на капацитетот за управување со безбедноста на патишта на ниво на општините, односно локалните заедници.
„МВР е целосно на располагање за овој капитален проект со своја стручна помош, согледувања, анализи, статистички показатели од доменот на својата работа, што ќе најдат свое место во успешната реализација на проектот”, истакна министерот Спасовски, при што го истакна и консултативното учество на службите на МВР во изработка на стручниот нацрт-извештај за преглед на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата и соодветниот акциски план.
На крајот од своето обраќање министерот Спасовски уште еднаш ја подвлече оценката дека овој проект значи силен инфраструктурен инпут, чиишто рефлексии со право се очекува да бидат позитивни во многу сегменти од општественото живеење.
„Бидејќи безбедноста во сообраќајот е еден општ институционален интерес ‘пар екселанс’, којашто не значи само спасување човечки животи, како приоритет над сите приоритети, туку истовремено значи и спасување на материјални добра, анулирање на сите оние финансиски импликации коишто можат да бидат огромни доколку постојано не инсистираме на континуирано надградување на безбедносните стандарди во сообраќајот. Во крајна линија ова е уште еден конкретен показател за решеноста на институциите да работат заеднички и координирано во интерес на општиот просперитет на државата, во интерес на граѓаните”, заврши министерот Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

