Македонија
(Видео) Спасовски и Филипче во обиколка на новото крило на Општата болница во Струмица
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, денеска заедно со директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Општа болница“- Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.
Спасовски, истакнувајќи дека со доаѓањето на оваа Влада и Министерството за здравство е финализирана изградбата и опремувањето на Општата болница во Струмица, чија градба е започната уште пред 33 години, подвлече дека многу скоро над 200.000 жители од Струмица и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги.
Спасовски подвлече дека во новиот крак на болницата, опремен со модерна медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија и во завршна фаза е довршувањето на одделите по општа хирургија, гинекологија и акушерство офталмологија, оториноларингологија, неонатологија, ортопедија, како и работата на 8 –те оперативни сали со неопходната опрема за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување.
„Минатата година ја најавивме 2020 година, како година на вложување во човечкиот капитал.Затоа ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа – набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно-здравствените установи.Со тоа создаваме услови граѓаните да имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги во своите локални средини, а лекарите и медицинскиот персонал да имаа современи услови за работа за да ја пружат најдобрата здравствена услуга.Покажавме дека сме одговорна влада, која успеа да го рехабилитира цунамито што го затекнавме во здравството и да го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава“, рече Спасовски.
Тој рече дека здравствената криза од пандемијата со коронавирусот покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст и со зајакнување на здравствените капацитети, во тек е справувањето со ситуацијата, пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата.
„Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, порача Спасовски, кој додаде дека темпото и континуитетот за зајакнување на здравствениот систем продолжува.
И министерот за здравство Филипчево своето обраќање истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.
„Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови“, потенцираше министерот Филипче.
Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во младите лекари.
„Се зголемија платите на лекарите и тие сега изнесуваат помеѓу 80 и 160 илјади денари. Се примија на работа огромен број на лекари и медицински сестри. Издадовме над 5.000 согласности за вработување за само две години. Сите млади лекари добија шанса да работат тука, во здравствените установи во нашата земја. Да имаат платен стаж, да не се дискриминирани за прием по ниту една основа. Со овој интензитет и динамика ќе продолжиме и понатаму, заради тоа што нашите граѓани, нашата држава заслужува да има спремен и модерен здравствен систем, а нашите граѓани место кадешто од врвни експерти ќе добијат врвна здравствена услуга“, посочи министерот Филипче.
Директорот на Општата болница во Струмица, Гогов, на владините претставници им ја покажа новата градба, новиот проширен дел, давајќи детали за капацитетот на медицинските и дијагностички услуги, кои тука, на едно место ќе бидат овозможени за граѓаните.
Директорот Гогов информираше детално за капацитетот од 85 кревети, од кои најголем дел електрични опремени со централен довод на медицински гасови, секоја соба е климатизирана и со туш кабини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

