Македонија
(Видео) Спасовски: Со улогата на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, главниот град денес е побезбеден од порано
Денеска, во седиштето на Единицата за интервентна полиција во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа Свечена церемонија по повод 4 години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на која свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и началникот на Единицата за интервентна полиција Дејан Несторовски, во присуство на раководството на МВР и соработниците на Единицата.
Истакнувајќи дека преку својот високо професионален пристап, формирањето на Единицата за интервентна полиција во изминативе 4 години од нејзиното постење, министерот Спасовски во своето обраќање ја потенцираше суштината на работењето на Единицата, која целосно ја оправда својата замислена намена и својата цел, а тоа е мобилност во оперативните постапувања, со широк опфат, одлична координација со другите полициски единици и висока професионалност, со цел поголема функционалност на целиот безбедносно-полициски систем на подрачјето на главниот град.
„Иако секој почеток е тежок, сепак самопрегорот, решителноста, професионалноста и би рекол патриотизмот на многуте полициски службеници дадоа и даваат исклучителни резултати. Скопје е денес побезбеден град од порано и граѓаните слободно и безбедно ја остваруваат својата цел и планови во мирна и безбедна средина. Најпрофесионално уште од самиот почеток Единицата за интервентна полиција брзо и успешно имплементираше свое структурно приспособување според сите стандарди на истородните полициски формации, дефинирајќи ја својата оперативност и функционалност како еден од главните сегменти во организациската структура на СВР Скопје“, рече Спасовски.
Министерот Спасовски особено ја потенцираше активноста на Единицата во справувањето со сите видови на криминал.
„Обемот на разновидните контролни и другите оперативни активности на припадниците на Единицата оваа година досега во опсег на конкретни поединечни постапувања се над 51.000 постапувања. Со ова станува јасно дека Единицата во целост е посветена на исполнување на својот дел од примарната задача на Полицијата и Министерството, а тоа е безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и на сите наши граѓани“, истакна Спасовски, со уверување дека и во годините пред нас, припадниците на Единицата ќе бидат на висина на задачата и професионални и посветени како и досега и дека заеднички ќе се вложи дополнителна енергија и ентузијазам во натамошниот раст и развој на оваа Единица, со единствена цел – градење на Полиција сервис на граѓаните и гарант за сигурноста и безбедноста.
Во своето обраќање, началникот на Единицата за интервентна полиција, Дејан Несторовски, истакна дека припадниците на Единицата се фокусирани и посветено работат кон потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица.
„Само во 2023 година, делувајќи на територијата на град Скопје како превентивно, така и репресивно, Единицата за интервентна полиција приведе и лиши од слобода 1.591 лице по разни основи. Како резултат на секојдневното работење на терен, многу од кривичните дела се откриени на лице место, токму при извршување на кривичното дело или непосредно потоа, со брза интервенција на нејзините припадници, веднаш по добиена објава од полициските станици“, истакна Несторовски, изразувајќи благодарноста за визијата и поддршката на ова раководство на МВР.
Тој, честитајќи го Денот на Единицата за интервентна полиција на своите колеги, додаде: „Денеска сме непоколебливи и решителни во нашите секојдневни задачи, силно посветени на повисоката цел што ја носиме, посветени на заедницата, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани“.
На крајот од свеченоста беа доделени благодарници и плакети за успешна соработка со Единицата за интервентна полиција при што беше одржана и тактичко-показна вежба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

