Македонија
(Видео) Спасовски: Хеликоптерите се ремонтирани, набавени се и униформи за хеликоптерската единица
Министерството за внатрешни работи по деветмесечниот ремонт ги презеде во целосно функционална состојба двете летала М-171 сопственост на македонската полиција, изјави денеска министерот Оливер Спасовски при неговата посетата на аеродромската база „Брест“ во Скопје.
Хеликоптерите беа ремонтирани од страна на рускиот државен акционерски холдинг „Хеликоптери на Русија“, кој ги обединува сите сервисни центри во Русија овластени за генерален ремонт на овој тип хеликоптери, а во согласност со упатствата и овластувањата на производителот, соопштија од Министерството, а примопредавањето на хеликоптерите со сите протоколи за прием и преземање на хеликоптерите по извршениот ремонт беше реализирано на крајот од минатиот месец, во сервисниот центар „Мома Станојловиќ “ – Белград, од страна на комисија на нашето министерство, составена од соодветни стручни лица, посочуваат од МВР.
„Следниот генерален ремонт е по летани 2 000 часа или по минати осум календарски години. Претходно, во рамки на сеопфатните активности за материјално обезбедување и опремување на припадниците на полицијата, набавивме и нови униформи и делови од опрема за припадниците на хеликоптерската единица, нешто што не беше направено многу одамна“, изјави Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

