Македонија
(Видео) Средба Пендаровски – Палмер: За земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи освен членство во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
Претседателот Пендаровски истакна дека одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи следната година, како и очекуваното скорешно зачленување на Северна Македонија во НАТО-алијансата, ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете пријателски држави.
Пендаровски се заблагодари за ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на американскиот Сенат и изрази уверување дека ќе продолжи безрезервната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Северна Македонија.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на неодамнешната посета на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на Северна Македонија, оценувајќи ја како потврда за стратешкото партнерство меѓу двете земји и заедничките заложби за стабилен и просперитетен регион. Во таа насока, на средбата претседателот Пендаровски истакна дека за земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи, освен членство во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.