Македонија
(Видео) Стаменковска:Една година од мандатот на Георгиевски и СДСМ исполнета со лаги и манипулации
Измина една година откако Социјалдемократскиот сојуз го презеде водењето на општина Гази Баба, година на изневерени очекувања, неспособност, нереализирани ветувања и реваншизам. Со право денес граѓаните од нашата општина коментираат дека Гази Баба повеќе не наликува на општина која се наоѓа во метрополата. Ние денес сме општина на скандали и зачмаеност, а локалната самоуправа се занимава со пропагандни активности обидувајќи се за себе да креира лажна слика дека нешто работи и исполнува. Фактите говорат дека изборната програма на Борче Георгиевски за локалните избори 2017-та била лажен памфлет, оттука таа денес е пример како се потценуваат и мамат граѓаните за нивниот глас, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Георгиевски излажа дека ќе воведе гасификација во општината, како и изградба на фекална канализација во Трубарево, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Црешево, Булачани, Виниче, Смилковци, Раштак и Ченто.
,,Мртво слово на хартија, нема ништо од ветеното. Градоначалникот на општината отиде дотаму во своите предизборни мамења при што ветуваше поголем опфат на згрижување на децата и олеснување на животот на семејствата со ветување за изградба на детски градинки во Керамидница, Сингелиќ и Стајковци кои до денес не се воопшто започнати.
Списокот на ветени а нереализирани проекти продолжува со најавата за изградба на нов трговски центар во Маџари, катна гаража во Ченто, спортско-рекретивен центар во Црешево, отворен базен во Хиподром. Жителите на урбаната заедница Автокоманда не ја добија ветената поликлиника која Георгиевски ја најави како подобрување до пристапот на здравствени услуги, младите од оваа населба беа изневерени преку неисполнетото ветување за нова спортска сала. Водоснабдувањето за многу домаќинства од селата Раштак и Булачани се се уште незамислив проблем бидејќи градоначалникот не го реализира јавно даденото ветување дека ќе го реши во најкус рок. Тоа беше едно од првите ветувања и фалби на Георгиевски”, изјави таа.
Според Стаменковска, ,,нема никакви инвестиции во изградба на нови булевари, мостови, игралишта, не се реализира асфалтирање на улици, не се прават пешачки и велосипедски патеки. Секојдневното движење на граѓаните е крајно отежнато, во некои делови од општината и скоро и невозможно”.
,,Не се гради ниту најавениот мост кој требаше да ја поврзе општина Гази Баба со општина Аеродром. Клучни локации, булевари и улици се во целосен мрак, за кои локалните власти ништо не превземаат.Во мандатот на Георгиевски масовно се сечат дрва и се уништува зеленилото како никогаш до сега при што реакциите и протестите на граѓаните се игнорирани како што беше примерот во населбата Железара. За сметка на тоа загадувањето урива рекорди и го загрозува здравјето на луѓето.Безбедноста во општината е намалена, граѓаните се чувствуваат несигурно.
Чести се и случаевите на партиски реваншизам преку преместувања, разместувања и разрешувања на вработени професионалци во локалната самоуправа и други институции под надлежност на градоначалникот кои професионално и законски си ги исполнуваат работните задачи. Понатаму, се прават незаконски упади во ингеренциите на директорите на основните училишта и се опструира нивното работење. Борче Георгиевски на најгруб начин го крши Законот за локална самоуправа и се обидува да го подреди Советот на општина на своите интереси за што веќе ја информиравме јавноста. Во интерес на граѓаните, Советот на општина Гази Баба во кој мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, секогаш беше конструктивен во интерес на граѓаните, така што учествуваше и го поддржа носењето на буџетот за 2018 година како и неговиот ребалансот. Спротивно на тоа, Георгиевски вината за неговата неспособност и манипулација со дадени лажни ветувања ја префрлуваше врз советниците.
Потврда дека градоначалникот не работи за она за што му е дадена доверба е податокот дека буџетот е реализиран само 38 % и тоа
-поддршка на локален економски развој 1,36%,
-урбанистичко планирање 6,9%,
-одржување на локални патишта 7,28%,
-изградба на јавно осветлување 4,9%,
-изградба на систем за отпадни води 6,5%,
-капитални трошоци на општината 22,09%,
-програма за урбанистичко планирање и уредување на просторот околу 20%.
Пошироката јавност, се уште му го памети скандалот со даденото одобрување за верско делување во едно основно училиште кое предизвика бран реакции и негодувања. На повидок и е голем скандал со негирање на вољата на жителите од урбаните и месните заедници. Граѓаните денес се целосно исклучени во водењето на општината”, вели таа.
Според Стаменковска, списокот на лаги е долг но Георгиевски само едно не излажа во својата предизборна програма, дека да се биде градоначалник е привилегија. ,,И навистина е така, Георгиевски ужива во привилегиите на грбот на даночните обврзници и граѓаните од Општина Гази Баба. Животот дојде за него и малкумината околу него”, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

