Македонија
(Видео) Стевановиќ: Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата
„Поминаа две недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски. Тој и ја води кампањата, тој одлучува. Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата“, рече Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1.
„Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука. Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина. Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност.
На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател – партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата. На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.
Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард. Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ“, изјави Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

