Македонија
(Видео) Стипендии за најдоброрангираните кандидати за студенти на штипскиот универзитет
Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со бизнис-секторот ќе додели 105 стипендии на најдобрите кандидати кои ќе конкурираат на годинашниот конкурс за упис на нови студенти. „Стипендиите се доделуваат од фондот за иновации и фондот за соработка со бизнисот и станува збор за средства кои ги обезбедуваат компаниите во земјава“, изјави ректорот на УГД , Блажо Боев.
Стипендиите се распоредени зависно од големината на факултетот. Според одлуката на Универзитетот, бројката на стипендии е следна по факултети:
• Факултет за медицински науки – партиципација за најдобрите 13 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Земјоделски факултет – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за природни и технички науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма геологија и за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма рударство на конкурсот за упис на студенти;
• Економски факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Правен факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за туризам и бизнис-логистика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Филолошки факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Електротехнички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Машински факултет– партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Технолошко-технички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за информатика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Факултет за образовни науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Ликовна академија – партиципација за најдобрите 3 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
• Музичка академија – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти
Стипендиите ќе се доделуваат по автоматизам за најдоброрангираните студенти и тие нема потреба да аплицираат за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

