Македонија
(Видео) Стоилковски: Арогантна злоупотреба на државата за партиски цели не е европска вредност
Самоволието и ароганцијата на кланот на власт продолжува со несмален интензитет. Се она што во нормални, напредни, проевропски, светски, НАТО држави се смета за корупција и криминал, овдешната власт го смета за „Општо добро!“. А што е тоа општо добро кога во сите државни ресурси се ставени во функција на одбрана на една политичка партија во предизборен, пардон предреферендумски период? Владата признава дека секојдневните активности на министрите ќе бидат во функција на партијата, во пресрет на референдумот. Притоа се злоупотребуваат ресурси и буџетот и моќта за влијание. Тоа не е општо добро тоа е општа корупција и злоупотреба на власта за партиски цели, за купување, за корупција на гласачкото право на граѓаните, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, само за кланот на власт не важи правната аналогија дека сите правила што важат за избори важат и за референдум, бидејќи гласачот се определува за политичка опција, политичка понуда, дали се согласува или не.
,,Во тој момент мора да запрат сите тендери и огласи за времени вработувања бидејќи се криминално дело – корупција за изборни цели. Но наместо да се сопре, сега власта со сета ароганција вели – злоупотребите на државните ресурси во полза на една политичка опција се за општо добро! А што е општото добро кога цела кампања, како што и се претпоставуваше, не е во релација со темата поставена на референдум односно нема ниту збор за капитулантскиот Договор/Спогодба со која се брише македонскиот идентитет, македонската историја, македонската посебност, а македонскиот народ и држава со еден потпис се претвораат во вештачка, измислена творба, по урнек на најголемите антимакедонски крвници во историјата.
Сите зафати на оваа власт во ова време, најмалку од распишувањето на референдумот, се зафати со лукративни побуди, преку злоупотреби да се оствари политичка победа на политичката партија од која потекнуваат. Тоа е корупција, тоа е криминал. И во целост е спротивно на европските вредности, за кои сега лажно се трошат буџетски пари”, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

