Македонија
(Видео) Стоилковски: ДКСК да испита дали сестринството на мајките на Рашковски и Пиперевалиев одлучило за 850.000 евра од „Дрисла“?
ДКСК мора да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска „Дрисла“. Антикорупциската мора да отвори предмет за механизацијата во „Дрисла“. Мора да се утврди зошто компанија која и сама поседува механизација за изнајмување багери за две години ѝ исплаќа 850 илјади евра на фирма поради што менувала и ставки во огласот од „Дрисла“? Притоа договор е склучен во четири очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договор, директор на ЈП со генералниот секретар на владата на СДСМ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Пд партијата наведуваат дека ДКСК мора да отвори предмет и да ги испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од „Дрисла“?
ДКСК мора да одговори дали роднинството меѓу Рашковски и Пиперевалиев е причината за одливање 850.000 евра од „Дрисла“?
Доколку антикорупционерите не ја завршат улогата за која се избрани, тие со своето недејствување во случајот се соучесници во процесите на корупција во Македонија, додаде Стоилковски.
Македонија тоне во корупција и тоа е евидентирано во сите извештаи. Корупцијата, непотизмот и протекционизмот, фаворизирањето луѓе блиски на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економска, енергетска, здравствена, образовна и каква сѐ не криза.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сѐ додека со институциите во Македонија владее политички ешалон на луѓе заштитници на криминалот и корупцијата, Македонија нема да може да излезе од кризите во кои тие ја втурнаа. Решение е само брзи предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

