Македонија
(Видео) Стоилковски: За празниците власта вдоми над 300 партиски војници во администрацијата
Зоран Заев е прочитан и ја губи поддршката за неговите антидржавни и криминогени политики. Затоа, Заев и СДСМ, пред избори се обидуваат да купат гласови, но не со пари од Вице , туку со пари од граѓаните. Вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, а граѓаните плаќаат за оваа масовна операција, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вработувањето на ќерките и синовите на Фрчкоски, Бучковски, Бејта, Џафери, Грчев и десетици други послушници на Заев беше само почеток.
,,Во период на државни празници, власта вдомува над 300 нови партиски војници во администрацијата. Ова е класична корупција и обид за купување на гласови пред претстојните избори. Оваа операција на Заев на годишно ниво ќе ги чини граѓаните преку два милиони евра кои ќе им ги зема
преку покачената акциза и зголемените даноци.За ваков криминал во правна држава се одговара.Тоа што до вчера беше обемна, масовна, спора, неефикасна, неевропска администрација, сега станува јасли за секој еден партиски војник на СДСМ.
Па нели ќе спроведеа мала и ефикасна јавна администрација? Каде е најавената „фунционална анализа за вишокот превработени во администрацијата, пред оваа акција за партизација? Ова ли се капиталните проекти на СДСМ, прелевање на парите од буџетот во партиските џебови, преку партизација на администрацијата?”, додаде тој.
Според Стоилковски, распишани се над 300 огласи за вработувања во министерства, владини агенции, дирекции и тела кои во овие десетина дена се објавиле огласи за вработување, Од советници до копиранти, од келнери до шанкери и кафекувари, со плати од 15 до 35 илјади денари.
,,Ова е само продолжување на трендот на партизација на она што до вчера беше главна теза на СДСМ дека администрацијата мора да е мала и професионална.СДСМ го спроведува партискиот проект мрежа за партизација на општинските и државните јавни претпријатија, на администрацијата, потоа измислува нови работни места како заменици директори со цели кабинети за задоволување на поголемите апетити, а сега во очи на претседателските избори во празнични денови повторно ја полни администрацијата.Забелешки на партизацијата од СДСМ има и од Европската Комисија но тоа за нив сега не е важно. Важно им е да се јадат живи луѓе да се смени и пополни се од министер до хигиеничар и партиската членска книшка да биде замена за личните документи и да е главна од одење на лекар до вработување.Епа вака не се враќаат 600.000 иселени колку што ги пребројуваа. Вака само дополнително се редат нови и нови чевли пред владата.
Со ваква груба партизација власта испраќа порака дека во државата нема место за професионалци, за вредни, за работни, за образовани, туку само за партиски кадри.Зар во ова власта смета дека никој нема да препознае кршење на сите норми, дека се спроведуваат коруптивни, криминогени вработувања во очи на избори, дека се спроведува црна партизација врз грбот на чесните.И повторно ќе посочат дека ако нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, администрацијата ли ќе биде виновна.Овие црнила мора да сопрат. Во државата мора да има ред да се почитуваат нормите, да се спроведуваат вистински реформи. Затоа црнилата мора да запрат а ќе сопрат кога ќе им го видиме грбот. Колку побрзо заминат толку подобро за сите во Република Македонија”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

