Македонија
(Видео) Стоилковски за пукањето во Чаир: Спасовски мисли дека ако молчи вистината нема да излезе на виделина
Измина уште еден ден без одговори и одговорност од Оливер Спасовски и МВР заради молк и сокривање на криминогени дејства, пукање, лажни извештаи, криење на видеоснимка како доказ, учество на функционер во БЈБ од ДУИ во ослободување на лице приведено по пукање, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во однос на инцидентот во скопски Чаир.
„Полицијата е претворена во сервис на СДСМ за заштита на мафијата и криминалот. Само и само за гола власт, со Оливер Спасовски и СДСМ на чело на МВР, криминалци со врски во ДУИ вадат пиштоли и пукаат кон униформирани полицајци по контрола на автомобил на којшто има, внимавајте, таканаречени полициски флешери. Само и само за гола власт, Оливер Спасовски и СДСМ ја ставаат полицијата и МВР во подредена ситуација пред криминалот.
Оливер Спасовски и СДСМ мислат дека ако молчат, вистината нема да излезе на виделина. Така беше со дрогата во Прилеп, така беше со пасошите за мафијашите, така беше со убиството на ракометарот. Така молчат и сега. За Оливер Спасовски и СДСМ, системот Сејф Сити го има и постои само за набавка на софтвери и за политички притисок врз неистомисленици.
Спасовски е должен да одговори за видеоснимката на социјалните медиуми, да одговори за вмешаноста на заменик-директорот на БЈБ во случајот, да одговори дали за лицето кое пукало цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна, да одговори дали и доколку е така зошто полицискиот извештај не се совпаѓа со снимениот настан.
Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир“, посочи партискиот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

