Македонија
(Видео) Стоилковски: Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потеклото на парите?
Дарко Кaевски, најмладиот милионер во СДСМ, на 30 години и со административна плата од Агенцијата за млади и спорт успева во иста година, 2020, да стекне нов стан во Скопје и да изгради луксузна куќа, хациенда во медитерански стил, со базени и сите удобности, во скопско Волково, изјави на денешната прес-конфренција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Дарко Каевски три дена не кажува дали има документи за градба на луксузната вила, ниту кажува дали има одобрение за копање базен ниту, пак, за рушење на стариот објект.
Стоилковски потсети на имотот на потесното семејство на младиот милионер и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски, легализиран е објект кој во 2020 година, според фотографии од „Гугл“ е срушен, а на негово место никнува луксузна хациенда.
Стоиковски додаде дека Дарко Каевски може да продолжи да молчи, но институциите не смее да молчат. Мора да се отвори предмет и да кажат дали ова е резултат на самоволието на СДСМ, дали е резултат на аздисаноста на функционерите на јавните функции, дали ова е резултат на неработењето на министерот за борба со корупцијата, дали ова е резултат на посветеноста на личното богатење наместо грижа за државата западната во тешки кризи?
Институциите за тоа се должни бидејќи Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, партијата на власт, носител на јавни функции пред и за време на градбата на луксузната вила. Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потеклото на парите. Молкот на институциите и молкот на СДСМ не смее да се гледа подалеку од обид за забошотување на скандалот.
Пет години се на власт, пет години се тоне во криза и сиромаштија, само функционери од СДСМ го множат богатството и уживаат во луксузи. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап од предвремени парламентарни избори, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

