Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да се извинат за понижувањето на народот
Половина милион Македонци живеат во глад, 500 илјади преживуваат со помалку од 150 денари на ден, а Ковачевски и Зечевиќ потценувачки се расфрлаат со пари! Ковачевски и Зечевиќ со овој чин го достигнаа врвот на лицемерието и понижувањето на македонскиот народ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека во услови на длабока сиромаштија, кризи и несигурност Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со пари буквално фрлајќи му во уста на сиромашниот народ.
Ковачевски и Зечевиќ се обидуваат со пари да ја надоместат поддршката од народот, свесни дека ја немаат, дека Македонија е се подлабоко во кризи, а виновници се токму СДСМ.
Расфрлање со крадени пари не ја гради довербата. Полнењето уста со пари не ја решава сиромаштијата. Напротив. Расфрлање со пари се случува кога тие пари се крадени и не се чесно заработени.
Според Стоилковски, однесувањето на Ковачевски и Зечевиќ покажува целосно лицемерие и одлепеност од реалноста. СДСМ и ДУИ знаат дека им се случува дебакл. Македонија е во длабока криза, најсиромашна држава во регионот и Европа, а власта нема решение и најавува нови поскапувања, нова подлабока сиромаштија. Но наместо грижа за состојбата, СДСМ покажува целосно понижување кон граѓаните.
Ова не ѝ доликува и Македонија, ова таа не го заслужува.
СДСМ, Ковачевски и Зечевиќ мора јавно да се извинат за понижувањето на македонскиот народ со овој врв на лицемерието, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.
Македонија
Лукаревска: Не се знае колку ќе трае супсензијата на ИПАРД, а во буџетот се кратат 185 милиони денари за земјоделците
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет, ги повика пратениците да го преиспитаат намалувањето на средствата во програмата за рурален развој за скоро половина и да го прифатат предложениот амандман на СДСМ износот да остане ист како во 2025 година. Годишната стапка во буџетот беше околу 300 милиони денари.
-За 2026 година се предлага намалување на оваа ставка, скоро половина, односно 185,9 милиони денари, или намалувањето е во износ од 115 милиони денари, истакна Лукаревска.
Таа додаде дека суспензијата на ИПАРД, која е актуелна овие денови, создава и големи финансиски проблеми на самите корисници и во сегашно време, меѓутоа и во иднина.
Лукарецска стакна дека скратените буџетски средства се користат за кофинансирање на финансиска поддршка, која корисниците ја добиваат, и тоа ќе биде еден лош сигнал и за земјоделците, меѓутоа и за стопанствениците, коишто очекуваат од Владата, пред се од Министерството за финансии, како креатор на буџетот, паметно и прагматично да ги планира средствата.
-Ние не можеме да знаеме колку време ќе трае самата суспензија, а во тој период веќе ќе имаме одредени обврски коишто ќе мора да се спроведуваат, односно ќе доспее рокот за обврските коишто агенцијата ќе ги има кон корисниците, рече Лукаревска, додавајќи дека по враќањето на оваа програма повторно во сила ќе може да се компензираат овие средства преку средствата од Европската унија.
-Затоа е добро да се прифати овој амандман за доброто на земјоделците и за целиот тој засегнат – секој којшто е дел од столбовите во нашето општество за соодветен раст и развој, па дури и промоција, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

