Македонија
(Видео) Стоилковски: Нови сомнителни огласи и тендери во предизборниот период
,,Криминал, поткупи, трговија со правото и правдата , со еден збор беззаконие, тоа се условите во кои што Зоран Заев и оваа криминална власт знаат и посакуваат да функционира Република Македонија. Тоа е атмосферата, во која сакаат да мине и овој изборен циклус”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека на прес-конференција повторно ќе објават низа сомнителни огласи и тендери распишани од оваа власт во предизборен период.
,,Вчера објавивме за јавна набавка за сомнително времено ангажирање на 22 работници во УЈП, кој што завршува токму на денот пред почеток на кампањата, денеска, продолжуваме со ЈП Македонија пат Скопје. И повторно ангажирање на 22 лица за времено вработување, во време од 12 месеци, оглас објавен на 19. март, а се затвора на 16 април! Среде кампања!И повторно оваа власт посегнува по чувството за потребност на граѓаните, нивното чувство за работа, за потреба од работа, за корисност, на потребност во општеството, ветувајќи вработување во предизборен период. Односно на овој начин се правио поткуп во изборни цели.
Почитувани ова е срамно, срамно за една власт која што не ги вади европските вредности од уста, а секојдневно ги гази сите принципи на демократијата и на човековите права.Криминалниот клан на Зоран Заев не размислува за вработувањата на граѓаните во период меѓу два изборни циклуси, туку само во предизборие. Меѓу двата циклуси, референдумскиот и сега претседателските избори, размислуваше, оваа власт беше преплавена од афери во јавноста за непотизам. Во тој период власт размислува за вдомување на своите најблиски, за вработување на мајки, сестри, деца, на фризерки, на функционери, на видни членови, на звучни презимиња од СДСМ.
На граѓаните и нивната потреба од работа размислуваат само во предизборие и тоа само од аспект на поткуп во изборни цели, играјќи си со надежта на граѓаните, на ангажираните дека ќе станат трајно вработени во замена за посакувано однесување на изборите. Внимавајте не се работи само за гласови на овие 22 ангажирани, или колку и да се бара во другите јавни претпријатија туку за целите нивни семејства!”, додаде тој.
Според него, Заев и кланот се во паника, знаат дека граѓаните повеќе не можат да ги трпат нивните самоволија, нивното антидржавно, расипничко и криминогено однесување, дека се прочитани и дека ја губат власта. Повторно како во кампањата пред референдумот ставаат се на една карта, ставаат се ОЛ ИН, се расфрлаат со буџетот во обид да го намалат неизбежниот изборен пораз.
,,Јавното Обвинителство не реагира, не реагираше ниту за однесувањата во предреферендумскиот период, а станува збор за настани од исклучителна важност за државата и за демократијата. И затоа мора да бидат испитани, и бараме од Антикорупциската комисија да ги испита овие случаи, доколку не ги испита верувајте ќе бидат испитани ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги и ќе одговараат они кои се одговорни.Ќе повторам и денеска. Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и тие е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

