Македонија
(Видео) Стоилковски: Случајот со Лотаријата е школски пример за криминал на ДУИ, само не за послушникот Јовески и за Абази од Зајас
„Наместо по должност да отвори очигледен предмет за Државната лотарија, ЈО со Љубомир Јовески повторно молчи и се крие надевајќи се дека ДУИ ќе го донесе Јовески за уставен судија, а СДС ќе остане уште некој ден на власт. ЈО со Љубомир Јовески е најголемиот срам за Македонија. ЈО со Јовески, наместо да гони криминалци, молкум одобрува криминал, а кога е повикано, се крие зад други институции“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Молкум газејќи го правото за случајот со Лотарија, Јовески уште еднаш покажува дека е само и само во функција да не падне Владата на ДУИ со СДС.
Милионски и милионски скандали и криминалии се поврзани со ДУИ, Ахмети и Груби, а ЈО со Јовески никаде ги нема!
Случајот со Лотарија, каде што директор најмува од фирма во која е ангажиран член на УО на Лотаријата, двајцата од кабинетот на Груби, случајот во кој фирма од кланот од Зајас за 5 месеци постоење стигнува до 2,6 милиона евра, е класичен школски предмет за јавен обвинител.
Ама не и за послушникот Јовески и не за Ислам Абази од Зајас.
За нив, нема предмет ни за дуќани во Скопје, ни за „Соравија“, ни за хотел на Шапка, ни за Лотарија, нема предмети за ништо поврзано со ДУИ.
Да потсетам, одговорност од одговорно лице се бара за постапување спротивно на она што е должност, но и за непостапување според должноста.
Наместо нова функција, ќе следува лична одговорност за постапување или непостапување!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

