Македонија
(Видео) Стоилковски со документи: Лага е дека е спречен криминал за поврат на ДДВ, исплатени се 22 милиони евра пред носот на Лукаревска
Во рака држам документи за исплатени најмалку 22 милиони евра од УЈП по основ на поврат на ДДВ, а всушност се работи за криминал. Се работи за добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски суми евра. Но, овие документи докажуваат и дека Сања Лукаревска не ја говори вистината. Не е спречен поврат на ДДВ, како што тврди. Напротив, има загубени најмалку 22 милиони евра, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Тој објасни дека со ова го отвора првиот случај, а станува збор за документи за случај АКТИКО ТЕКСТ.
-Струмичка фирма регистрирана со 5.000 евра во април 2022 година, за трговија со текстил на големо. Основач е Зуле Кармзова, која по само три месеци има побарување до УЈП за поврат на ДДВ од 10,5 милиони евра, за увоз на стока од 50 милиони евра. Фирмата со толку стока потоа пријавиле само 3 илјади евра за данок, иако вредноста УЈП ја проценила на 8,5 милиони евра. Кармзова, со 10,5 милиони евра поврат на ДДВ од купена стока на 50 милиони евра стока, одеднаш на 29 декември 2022 ја продава АКТИКО на Егзон Бериша од Косово, рече Стоилковски.
Тој додаде дека фирмата менува адреса од Струмица во Визбегово, менува и име АКТИКО ТЕКСТ во ОКИТНА ТРЕЈД. Таа фирма за три месеци 2023та, искористува поврат на ДДВ нови 0,5 милиони евра за набавена стока од 14 милиони евра. И таа треба да плати 2,7 милиони евра, ама пријавиле 15 илјади евра данок.
– За појасно, вкупно оваа фирма, од април 2022 до март 2023, искористила 11 милиони евра поврат на ДДВ, треба да плати 11 милиони евра данок за стока за која вкупно пријавила до УЈП само 18.000 евра. А во декември сменила сопственик, од Струмица на Косово, и адреса од Струмица во Визбегово, рече Стоилковски.
Дури во јули 2023, УЈП сака да направи увид во книгите, но за Зуле Кармзова од Струмица фирмата е продадена и со неа приказната завршува. УЈП не може да го најде новиот сопственик Егзон Бериша од Косово, ниту пак неговата документација. Според податоците што ги има, УЈП го бара преку МВР. А одговорот е следен: Егзон Бериша не постои, има друго лице со тој број на пасош, а тој во Македонија таа година воопшто не влегол. И УЈП констатира дека нема деловни книги, сметководство и дека фирмата со непостоечки газда должи над 11 милиони евра! Ама сега нема кој да плати, рече Стоилковски.
– Почитувани ова е само еден пример вреден 11 милиони евра исплатени, искористен поврат на ДДВ по криминална шема. Сања Лукаревска не говореше вистина дека се спречени обиди за криминал за поврат на ДДВ. Но, тоа што е спорно е зошто УЈП спиеле цела година? Нова фирма одеднаш пријавува поврат за енормни 50 милиони евра? Па не прашува зошто со стока од 50 милиони евра пријавува 15.000 евра данок? Не прашува зошто по само 8 месеци, со поврат на ДДВ фирма од 11 милиони евра – фирмата се продава? И најважното дали во УЈП воопшто се сетиле дека оснивачката на АКТИКО, Зуле Кармзова, која по три месеци работа побарува 10,5 милиони евра поврат на ДДВ, дали таа не е сопруга на Кармзов чија што фирма во јуни 2020 беше една од петте вмешани во ист криминален скандал, за 4 месеци извлечени над 5 милиони евра по основ на поврат на ДДВ? Значи стара шема, позната шема, со речиси исти играчи. Прашање е што правела УЈП со Лукаревска? Како е возможно да нема аларм за толкави побарувања за поврат? И тоа од веќе за УЈП звучно презиме?, рече Стоилковски кој нагласи дека ова е само еден од случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

