Македонија
(Видео) Стоилковски: Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД, бизнис-партнер на Македонија?
„Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или било кој од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа почитувани треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова почитувани е многу важно бидејќи бугарскиот коцкарски могул и мафијашки олигарх, Васил Божков и неговите фирми од 2021 година се наоѓаат на црната листа на санкции на американскиот департмент за финансии, согласно листата со актот Магнитски против криминал, корупција, ширење на руски влијанија. Тоа подразбира економски и трговски санкции за компании и лица, листа која ја следат и по која што се водат банките и државите во светот.
Ова е извадок од ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент, каде стои листата на која што е наведен и Васил Кроумов Божков, во латинична транскрипција со Ј наместо Ж, но и со ЗХ наместо Ж, наведено како алијас, исто како што стои и „Черепот“. Под неговото име се наведени и компаниите, и причината зошто е ставен на оваа листа.
Ова е таа информација за медиумите од американскиот департмент за финансии. Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ќе потенцирам уште еднаш, подмитувал да се донесат дозволи и закони во негова полза.
ОФАК на листата и под санкции ги става и 58 фирми кои ги поседува или контролира Божков!
Тука доминираат имиња на фирми со основа и варијации на името ВАБО, па варијации на имиња со НОВЕ, па ЕУРО или ЕВРОБЕТ и низа други, во зависност од тоа како добиваат или се откажуваат од лиценци, се отвораат или се затвораат.Од тука, работењето со него, со луѓе кои што се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и сомруското влијание.
И од тука, од исклучителна важност е да се знае, дали државната Лотарија, по одобрението од Артан Груби, влегла во партнерство со било која фирма на Божков или се доведува во врска со него? Исто така, би посочил на институциите во Македонија, сериозно да се зафатат со овој случај, бидејќи било каков договор, таен, потпишан или само договорен, на Државната лотарија со лице или фирма на црната листа на САД е работа спротивна на интересите на Македонија.
Уште повеќе, мора да се провери, дали инсистирањето на ДУИ, на Артан Груби и на неговиот довчерашен шеф на кабинет сега директор на државната лотарија за нови лиценци и на влез на странска фирма во бизнисот во Македонија, законски, амандмански или со владина одлука, има некаква врска со досегашните делувања на Божков со корупција и давање пари за носење на закони и лиценци во негова корист во Бугарија? Како да не е доволно што Македонија се дави во сиромаштија, а Груби и Владата на Ковачевски потпишуваат лиценци за коцкање. Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД бизнис партнер на Македонија. Недостасува само уште на листата да се додаде и дека соработува со фирми на црната листа на САД и работење спротивно на интересите на стратешкиот партнер на Македонија, со отворена можност за корупција“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

