Македонија
(Видео) Стоилковски : Спасовски да влезе и да го испита долгот на СДСМ кој изнесува 2,5 милиони денари
„СДСМ и министерот за внатрешни Спасовски се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие.Вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека влегол во компании поради долг на ВМРО-ДПМНЕ, кој цитирам: ‘согласно Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка’.Прво го повикуваме јавно да го цитира членот од законот кој санкционира постоење на долг, бидејќи таков член не постои, и во однос на ВМРО-ДПМНЕ се е кристално јасно и согласно закон.Доколку Спасовски и натаму стои на таквото мислење, тогаш веднаш го повикуваме да влезе во испитување на долгот на СДСМ, бидејќи согласно извештајот од претседателските избори тие должат 2,5 милиони денари“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку Спасовски смета дека има нешто незаконски го повикуваме партискиот војник Оливер Спасовски да влезе и да го провери долгот на неговите владини коалициони партнери ДУИ, и коалицијата на Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски, бидејќи согласно извештаите од изборите 2016-та година ДУИ должела 2 милиони 300 илјади денари, а коалиционите партнери на Заев, Љубчо, Љубе и Стојанче над 3 милиони и 100 илјади денари.
Го повикуваме Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ и кон кои должат неговите коалициони партнери, и дали тоа не е извор на корупција.Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ од изборите оваа година“, додаде тој.
Во врска со синоќешниот извештај на Венецијанската комисија дека треба да се преиспита Законот за употреба на јазици, Столковски рече:
„Венецијанската комисија и нивните ставови апсолутно се нешто што треба да се дел од законодавството во една држава аспирант за членство во ЕУ и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите. Само за една споредба ете Бугарија која е членка на ЕУ ги почитува во однос на нивниот проблем во однос на јавниот обвинител го почитува ставот на Венецијанската комисија.
Што се однесува до Македонија, апсолутно ставот на Венецијанската комисија е важен затоа и се испраќа законскиот текст, претежно се испраќаат како предлог законски текст, а потоа се носат закони, а не како што беше во случајот со овој договор на СДСМ и ДУИ да биде донесен законот, а како велеа понатаму ќе ги имплементираат забелешките од Венецијанската комисија. Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека е за употреба на јазиците но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Така што тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

