Македонија
(Видео) Стоилковски: Треба да се испита деловната способност на Џафери и да поднесе оставка
Цела недела јавноста е згрозена од примитивизмот на Талат Џафери, а нема никаков чин на осуда од институциите и претставниците на крими коалицијата СДСМ-ДУИ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа го слуша јавноста! Однесувањето на Талат Џафери е недостојно, нечовечки, спротивно на сите пишани и непишани норми. Талат Џафери го наруши етичкиот кодекс и за тоа мора да има одговорност! СДСМ и Владата молчат само и само заради гола власт!“, изјави Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека воведува практика на насилство, навреди закани, практика на пцуење, споменување мајки во сексуални конотации на вработени, мизерни зборови МРШ и СИКТЕР, само за гола власт.
Стоилковски рече дека по ваков излив на примитивизам Талат Џафери мора да биде подлежен на испитување на неговата деловна способност.
„Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности искажани лично од претседателот на Собранието Талат Џафери, нема место во Собранието на Република Македонија“, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

